„5 до 2“ – новата фанки песна на Young Dadi (ВИДЕО)

Гостивар, 31 август 2022      Добивме нова песна која веќе е пуштена во етерот. Станува збор за темата 5 до 2 (пет до два) на Young Dadi (Јанг Деди). Ова копродукција на младиот автор, Young Dadi кој се става потписот на текстот и Лазар Цветкоски кој замеша прсти и во создавањето на музиката. Битот, аранжманот, миксот и мастерот, се на Лазар Цветкоски.

Интересно е дека неполни 24 часа по пуштањето во етерот „5 до 2“  веќе е во трендинг, а тоа доволно кажува дека Дади има супер парче кое од прва влегува во уво. Се надеваме дека песната и вам ќе ви се допадне и веќе се врти во етер на 106,4 (фрекфенцијата на RADIO G)

Песната има и Видео приказната, чиј креативен директор и стилист е Александра Majestic, а зад камерата беше Давид Манев. Темата во видеото, започнува со моменто кога пијана девојка му ѕвони на Дади после журка, а тој незаинтересиран за неа оди на афтер да се забавува. Во видеото е прикажана целата атмосфера на афтерот во one take, а потоа Дади, заедно со Дупер, се враќа во назад во 80-те, со настап во Кино Фросина – МКЦ. Зачин на целото дејствие додава екипата на Битрикс која го краси спотот со нивната кореографија и добра енергија. 

Коментарите се затворени.