IN MEMORIAM: Корнелије Бата Ковач (1942-2022)
Гостивар, 13 септември 2022 Познатиот српски композитор Корнелије Ковач почина денес на 81-годишна возраст во Белград, објавија повеќе регионални медиуми. Според нив, веста ја потврдиле од семејството откако бил позитивен на коронавирус и лекуван во ковид-болницата во Батајница.
Корнелије Ковач освен што се занимавал со композиција, познат е како пијанист и аранжер. Роден е во Ниш во 1942 година во семејство на музичари. Својата прва композиција „Пусти тротоари“ ја напишал на четиринаесетгодишна возраст (1956).
Како исклучително талентиран тој се приклучува на Индекси, најпопуларниот рок-бенд во поранешна СФРЈ на двомесечна турнеја во СССР (1966).
Во септември 1968 година, Корнелије се преселил во Белград, каде што ја основал групата Корни (Zdravko Čolić, Dado Topić, Zlatko Pejaković, Josip Boček, Dušan Prelević). Групата со „Моја Генерација“ ќе ја претставува СФР Југославија на Изборот за песна на Евровизија во 1974 година. Живеел и работел во Лондон и Стекнатото искуство во тамошните студија го пренел во соработката со многу популарни ѕвезди кои станале поп икони благодарение на неговите песни.
Корнелије Ковач пишувал музика за театар, филмови и телевизија.
Освен музика за театар, филм и телевизија, Корнелије Ковач ги напиша и некои од најголемите хитови на ѕвезди како што е Здравко Чолиќ (Април у Бограду, Живиш у облацима мала, Звао сам је Емили, Једна зима са Кристином, Маѓарица, Пјевам дању-пјевам ноќу, Станица Подлугови, Ти можеш све, Ти си ми у крви) за Генерација 5 (Ти само буди довољно далеко), па и за Лепа Брена (Јанош, Ситније Циле, ситније).
Додека живеел во Англија соработувал со многу значајни имиња на светската сцена како Берни Мардзен (гитарист на Вајтснејк) и Пол Џонс (вокал во Манфред Мен).
Коментарите се затворени.