Музички мирис: Нов сингл на Дивље јагоде/Divlje jagode Ванила и пот/Vanila i znoj (ВИДЕО)
Гостивар, 14 септември 2022 Бендот Дивље јагоде (Divlje jagode) објави нов сингл со наслов Ванила и пот/Vanila i znoj што ќе биде последната трака пред објавувањето на новиот студиски албум. Благодарение на соработката со Croatia Recrods Makedonija ќе ја преслушаме утре на пладне.
„Ванила и пот“ е трет сингл на групата Дивље јагоде пред на нивниот 13 албум, чие објавување е најавено за ноември оваа година.
Ова аудио парче е класична хард рок песна за кое музиката ја напиша Сеад Липовача-Зеле, а текстот е на Звонко Пантовиќ Чипи кој на музичката јавност и е познат како пеач на „Освајачи“. Чипи како вокал, покрај Ливио Берак, го слушаме и оваа песна која е снимена во студиото „Шишмиш“.
Новата трака ја следи и видео во кое „Дивље јагоде“ се сместени псевдо-вестерн видео во комбинација налик на стрип со комичниот стил на Тарантино.
„Со ведар и хумористичен дух, видеото се обидува на публиката да и го пренесе нивото на опуштена и хумористична атмосфера што ја доживеавме при снимањето на спотот додека престојувавме во легендарниот простор на Дом омладине во Крагуевац. Незаборавно дружење со нашите пријатели од групата Освајачи“, велат од бендот Дивље Јагоде.
Радијската промоција на новиот сингл ја закажуваме за утре (15 септември) во 12ч во сегментот „за прв пат на радио“ на радио фрекфенцијата на RADIO G 106,4, а може да се слушне и на онлајн платформите. Дотогаш еве да преслушате и видите како изгледа новото видео
Коментарите се затворени.