Нов сингл на MIYATTA и концерт на „Бела ноќ“ во срцето на Скопје

Гостивар, 30 септември 2022    Во месецот на есента, пристигнува нова музичка – видео приказна од MIYATTA (Мијата) со кадри од прекрасната Апула во Италија. Станува збор за поп-рок балада во која учество покрај Наташа како автор на музиката и текстот, имаат и Наташа Миха како бек вокал, Дамир Пух – гитара, аранжман и продуцент. Видео монтажата на спотот е  на Кире Мирчовски. Проектот е снимен во Green Room Studio.

Од тимот на MIYATTA порачуваат:

– Со ова ново музичко парче би сакале воедно и да ги поканиме сите љубители на добрата музика да дојдат на Open Air концертот на Miyatta под отворено небо, во рамките на единствента и посебна „Бела ноќ“.  Концертот ќе биде на платото на „Плоштад Филип II“. во меѓувреме погледнете го спотот.

Коментарите се затворени.