Странци пеат за нас: U makedonskom restoranu нов хит со попис на македонски брендови (ВИДЕО)
Гостивар, 1 октомври 2022 Одамна некој не направил песна за нас, македонците и за тоа како нé дожиуваат. По легендарната „Македонија“ на Тајм и Дадо Топиќ, уште еден музичар од Хрватска, Мики Солус, ѝ посвети песна на Македонија со наслов „U makedonskom restoranu/Во македонски ресторан“. Во случајов направил солиден попис на брендови „Made in Macedonia“.
Нумерата, која е музичко-текстуална пародија, на комичен пристап опишува атмосфера во нашите ресторани и кафеани. Сепак ние најдобро знаеме дали тоа навистина е така во местата каде времето го трошат боемите и гурманите.
Инаку, за новата песна која добро поминува на музичките канали, дознавме дека е дел од новиот албум NAJBOLJI SU PJEVAČI BEZ SLUHA (Најдобрите пејачи се без слух)“ Miki Solus/Мики Солус објавен од издавачот Menart/Sipa music/Fayo music. Во јавност е од крајот на септември.
Мики Солус (32 години, роден во Франкфурт) е хрватски транс-жанровски музичар, добитник на Porin/Порин за најдобар алтернативен и клубски албум.
Песната е веќе хит откако е прикачена на,, you tube”. тука е видеото
Коментарите се затворени.