Триото ФЕМИНЕМ/Feminnem имаат моќна балада „Има ли нас сутра“ (ВИДЕО)
Гостивар, 12 октомври 2022 Доколку сте фан на „Феминем“, RadioG-Радио Г носи убава вест. Девојките кои станаа популарни во 2010 година како претставници на Хрватска на Евровизија во Осло со темата „Лако је све“, имаат нова песна веќе е пуштена во етерот. Моќната балада со наслов „Има ли нас сутра“.
Станува збор за дело на Бранимир Михаљевиќ (музика и аранжман) и Ненад Нинчевиќ (текст). Песната има љубовна порака, а девојките од Феминем веруваат дека токму оваа песна може да биде избор за прв свадбен танц.
Триото: Памела Рамљак, Неда Пармаќ и Ника Антолос своето враќање на сцената го најавија со претходниот сингл „Заједно“. Со него ја прекинаа речиси десетгодишната пауза, а „Има ли нас сутра“ е одлична најава за периодот кој е пред нив. Новата емотивна песна слушнете ја уште денес, пред да се запрашате дали ве има утре.
Во видеото чија режија ја потпишува Сандра Михаљевиќ, Неда, Памела и Ника се како самовили, а улогата на идната невеста ѝ припадна на Неда
Коментарите се затворени.