Лу со синглот „Куќа/Kuća“ го најавува вториот албум (ВИДЕО)

Гостивар, 24 октомври 2022 Во соработка со нашите пријатели од Кроација рекордс/Croatia Records слушателите на Radio G утре (вторник 25.10.2022) ќе го слушнат новиот сингл на Лу Јакелиќ/Lu Jakelić со наслов Куќа/Kuća.

Станува збор за песна која е авторско дело на Лу, а аранжмански ја заокружи Рејхан Окановиќ/Rejhan Оkanović. Има меланхоличен призвук и е најава за нејзиниот втор албум Šesto čulo/Шесто сетило.

– Ова е песна за сите што останале храбри, отпорни и издржливи во животот. За оние кои не ја изгубиле радоста на живеењето дури и во моменти кога им било тешко или осамени. „Куќа“ е потсетник дека вредиме онолку колку што веруваме во себе, а доколку е потребно, да се промениме од темел на подобро, изјави Лу Јакелиќ.

Според пишувањата и коментарите таа со новиот материјал е сериозен конкурент за музички признанија и награди. Меѓу нив е главниот и одговорен уредник на порталот Music box, Никола Кнежевиќ/Nikola Knežević, кој вели дека овој албум ќе биде еден од најдобрите поп албуми во Хрватска издадени последниве неколку години.

Интересен податок е дека официјалната промоција на видеото за оваа песна е закажано за 25 октомври во 19 часот, кога ќе биде пуштенo на Ју Тјуб

Новата песна на Лу премиерно ќе биде емитувана на 106,4 фреквенцијата на Radio G во сегментот „За прв пат на Радио“ во 14:00 часот и репризно во среда 26.10 во истиот термин.

Коментарите се затворени.