ДНК издадоа нов сингл пред големиот концерт: „Романи“ дел од новиот албум „20“ (ВИДЕО)
Гостивар, 24 ноември 2022 – Со стиховите од рефренот „..Не, не ништо не, овие години не промениле, срце полно рани, рани, рани, рани, во душа празни страни, непишани романи… од темата со наслов „Романи“, ДНК го заокружуваат последниот студиски материјал „Дваесет“. Новата песна, промотовино ќе биде емитувана во 12:00 часот денес (24.12.2022) во сегментот „За прв пат на радио“.
– „Романи“ е една убава љубовна тема. Метафорична приказна, несекојдневен спој и песна со неочекуван рефрен, нешто што ете го чувавме како последнo парче од приказната наречена „Дваесет“, албум што значи заокружување на овој наш 20-годишен јубилеј“, велат Панчо и Андреј.
Круна на славењето ќе биде големиот концерт закажан на 3 декември во арената „Борис Трајковски“, кога двоецот заедно со сите свои фанови од сите генерации ќе го одбележи убавиот јубилеј.
Темата „Романи“ е дванаесетто парче на албумот, што во продажба ќе го има на самиот концерт, а освен што дел од собраните средства ќе бидат насочени во хуманитарни цели, сите оние кои сакаат да имаат потпис и фотографија со Панчо и Андреј тоа ќе можат да го направат по завршувањето на концертот. Панчо и Андреј ќе останат во салата сѐ додека фановите тоа го бараат од нив. На материјалот уште се ставени и темите „Кога би знаела сѐ“, „Ромео и Јулија“, „Ние“, „Македонија на Европско“…
За новиот сингл изработен е видео спот. Видео приказната за „Романи“ е снимана во Турција чиј автор е Даниел Јовески, а изработката е поддржана од Fibula Travel и Kirman Calyptus. Во кадрите, кои ја следат приказната од текстот, освен Панчо и Андреј се појавува и моделот Ана Парлапанова.
Еве како тоа изгледа:
Коментарите се затворени.