Нова песна: Загледајте се во „Месечината“ со КОД 369 (видео)

Гостивар, 30 ноември 2022   Месечина/Mjesečina  е наслов на вториот сингл на македонскиот бенд CODE 369, издаден на хрватски јазик за Croatia Records. Овој новитет веќе е на програмата на Radio G и може да се слуша почесто оваа недела.

Новата песна го има уникатниот израз помеѓу алтернативниот рок и комерцијалната рок и поп музика, со што бендот CODE 369 уште еднаш ги воодушевиja слушателите со авангардни идеи од прва категорија. Текстот за песната го напиша пејачката Ирена Димовска, музиката е на Даниел Митревски, а за аранжманот покрај Митревски се задолжени Иле Лулевски и Коста Стеваноски.
Ѕа новиот сингл снимен е и видео спот. Видеото е во продукција на Encore Media Production и Дејан Трајчевски и ја пренесува мистичната атмосфера на месечева ноќ. Овој пат, фронтменката на групата Ирена Димовска го испеа „искрениот порив на секое човечко суштество да ги надмине личните и општествените очекувања со инспирација и трудољубивост“.

За бендот CODE 369 е интересно што се продолжение на долгогодишните музички активности на членовите на битолските Pumpers, а во овој проект тие во нивниот музички израз внесуваат нов звук со фанк, џез и класични инструментализации, кои го вткаија во препознатлива рок база.  
Од „Кроација Рекордс“ појаснуваат: Нивната музичка мисла е секогаш на границата помеѓу алтернативниот рок и комерцијалната рок и поп музиката, задржувајќи ја свежината, слободата и авангардни идеи на првите категории и прифатливоста на другата.Во нивните текстови може да се препознаат универзалните човечки и литературни вредности, љубовта како движечка сила и силата на поединецот како движечка сила кон најдоброто во себе.

Бендот летово настапи пред хрватската публика на фестивалот СМС 200 во Славонски Брод, каде ги воодушеви и публиката и критиката со изведбите на песните од актуелниот албум „Stages of Love“.
Еве го спотот за „Мјесечина“

Коментарите се затворени.