Тамара ќе пее во новата верзија на божиќната песна „Вечниот Бог“
Гостивар, 1 декември 2022 Тамара Грујовска е дел од пеачката селекција која ќе ја сними новата верзија на божиќна песна „Вечниот Бог”. Песната е своевидна химна манифестацијата „Бадникови поворки“ и покрај што ќе биде исполнета на божиќниот концерт за оваа верзија се снима и видео спот. Во меѓувреме да споделиме и нешто ново поврзано со кариерата на Тамара: таа наскоро ќе објави нова песна и се подготвува за снимање на видео спот. Но, за тоа во следна прилика. Засега ќе се осврнеме на последниот ангажман на гостиварската „мала“ дива која годинава блесна на повеќе сцени и освои грст награди.
Организаторите на манифестацијата, Здружението „Бадникови поворки” ја отворија празничната сезона и информираа за сите претстојни активности кои ќе придонесат да имаме Бадник и Божиќ во полн сјај.
Меѓу првите активности е снимањето на нова верзија на песната „Вечниот Бог“ која ќе ја освежат гласовите на Антониа Гиговска, Елена Ристеска, Мелани Тарчуловска, Ана Петановска, Барбара Ракичевиќ, Ламбе Алабаковски, Мите Стоилков, Џенгис Мемедовски и најмладиот учесник Тамара Грујоска. Ова своевидна „реперезентација“ се главни носители кои ќе ја освежат химната на бадниковите поворки „Вечниот Бог“
Дејан Пројковски е режисерот кој трета година по ред ќе ја има честа, но и одговорноста да оживее божиќна приказна од нашето минато. Тој ќе обедини екипа на квалитетни луѓе кои со голема љубов, радост и посветеност се впуштаат во историски потфат во чест и спомен на нашата православна вера и традиција, за да остават духовна вредност во наследство на своите потомци.
Коментарите се затворени.