Иван Кукиќ го објави своето деби „Балада за една љубов“ (ВИДЕО)

Гостивар 3 декември 2022 Соло кариерата на Иван Кукиќ ја започнува соло кариерата со деби сингл „Balada o jednoj ljubavi“ („Балада за една љубов“). Тој на пошироката музичка јавност е познат како постојан член на Влатко Стефановски Трио, каде свири бас гитара во ритам секцијата која беше пофалена од критиката за нивниот последен албум „Taftalidze Shuffle“. Новата песна веќе се врти на Radio G (106,4), а денес беше претставена во сегментот „За прв пат на радио“.

Музиката за „Балада за една љубов“ ја напиша Иван, текстот е на Стефан Илиќ. Ѓорѓи Вацев и Георги Концалиев направија видеоспот во кој главниот лик е Иван, а во него учествуваат и Елена Донева и Љубомир Митровски.

Овој талентиран музичар го чекори патот кон изработка на албум, чие издавање е планирано за напролет следната година.

„Мојот живот е музика, а музиката прави чуда. Затоа ја сакам, и од кога се сеќавам, никогаш не размислував за тоа што ќе бидам во животот и дали би се занимавал со нешто друго освен со музиката. Снимањето на оваа песна беше прекрасно дружење. Сите сме задоволни и верувам дека публиката ќе го препознае тоа“, изјави Иван Кукиќ

На албумот ќе се најдат инструментални и вокални теми, испеани на српски, хрватски и македонски јазик.

Иако е многу млад, веќе свирел низ регионот, но и на неколку меѓународни натпревари, меѓу кои и турнеја низ Франција. Иван студира музичка продукција и дизајн на звук и свири на дури 6 инструменти: гитара, тапани, пијано, контрабас и народни инструменти. Неговиот талент исклучително го цени легендарниот Влатко Стефановски и го вклучува во неговото трио. Тој потекнува од музичко семејство и очигледно дека талентот и музиката се во неговите гени.

Тука може да го погледнете и видеото

Коментарите се затворени.