„Дали сакаш да си сама“ – нов сингл на кантавторот Ненад Стојчев (ВИДЕО)

Гостивар, 8 декември 2022    Ненад Стојчев деновиве е актуелен со новиот сингл „Дали сакаш да си сама“. Новата песна ќе ја емитуваме промотивно на RadioG 106,4 денес во сегментот „За прв пат на радио“ во 14:00 часот.

Темата е допадлива и стилски е комбинација на рок и фанки, а продукциски звучи свежо и модерно. Музиката и текстот на Ненад Стојчев, а на аранжманот и продукцијата потпис става. Маријан Стоименов-Ѕика. За синглот кој официјално е издаден пред десетина денови снимен е и видео спот, дело на Кристијан Георгиев KG Production.

Ненад е дел од кавер бeндот Havana Band со кој во последниве пет години најчесто настапува по клубовите во Велес Штип Кочани и источниот дел на Македонија.

На програмата на Radio G 106,4 наредниве денови, покрај „Дали сакаш да си сама“ ќе ги емитуваме и „Само за себе“, Не можам и не сакам“ и „Сон“.

Во меѓувреме, освен најновиот, може да ги погледнете и видеоспотовите од останатите песни на неговиот YouTube канал

Коментарите се затворени.