Нова песна на Тамара Грујеска: ИМАМ СИЛА (ВИДЕО)
Гостивар, 31 декември 2022 – Тамара Грујеска во новата година влегува со нов сингл со наслов „Имам сила“. Песната е со поп призвук, аранжмански дополнета со етноелементи и претставува убав спој на младост и модерен израз. Радиската промоција на овој новитет ќе биде во музичкиот сегмент за промоција на новитети „За прв пат на радио“ во 12 часот. Од денес овој сингл ќе се слуша и во емисијата „Ја Ја“ во која се популаризираат гостиварските артисти.
Новата песна на Тамара е дел од соработката Роберт Билбилов, еден од најдокажаните автори на македонска забавна музика. Текстот, кој носи една убава порака го потпишува Тања Соколовска.
За овој сингл изработен е и видеоспот од наш домашен познат режисер и видео продуцент, Дарио Јанковиќ и „Генерал продукција“. Видеото ги следи стиховите во песната и доловува вистински моменти фатени во објективот на камерата. Таа на спотот е во едно поинакво светло, во еден поширок временски период, како од некој посебен универзум. Стајлингот е дело на дизајнерот Златко Јованоски, кој ја претстави како зрак на надеж и знак за вистинскиот пат на секое дете. Студиото BACKSTAGE од Гостивар и Среќко Ѓорѓиевски, се погрижија за нејзината коса и комплетен изглед.
– Тамара го заслужува ова, и навистина вреди да соработува со Билбилов и може да ја пронајде во вистински стил и може да изработи песна со високи перформанси која ќе остане да се памети и ќе достигне до поширокиот аудиториум, вели Дејан Грујески, таткото на Тамара.
Тамара Грујеска е ново име на домашната сцена, но веќе добро познат вокал. Оваа 12 годишната гостиварка преку детските фестивали, тетовскиот „Јаболчиња“, „Златно славејче“, „Езерски бисери“ во Струга, прилепскиот „Ѕвездички“, „Шкољкице“ во Нови Сад, „Golden Stars Rain“ во Русија, дефинитивно зачекорува на големата сцена.
Тамара, инаку е седмоодделенка во основното училиште „Гоце Делчев“ од Гостивар и ученичка во основното музичко училиште „Енвер Стафаи“ и свири пијано. Својот глас го усовршува во музичкото училиште на Андријана Јаневска, отсек соло пеење популарни светски жанрови, а има и online часови и курсеви кај светски познатата вокална учителка Шерил Портер од САД.
Коментарите се затворени.