Croatia Records повторно го издаде на винил бестселерот „Као какао“ на „Леб и сол“
Гостивар, 17 јануари 2023 Македонската бенд „Леб и сол“ во 1987 година го издаде „Као какао“, едно од најзначајните музички дела во екс-ЈУгословенската дискографија и музички бестселер. Оваа вест е значајна за дискофилите кои го посакуваат во нивните колекции и да го слушаат на грамофон.
По повод 35 години од објавувањето на култниот албум, издавачката куќа Croatia Records го претстави ексклузивното винилно реиздание на „Као какао“. Албумот, кој остана неверојатно актуелен до ден денес („Какао со врвен квалитет“), повторно е достапен во физичка форма, на 180-грамскиот винил, режан со половина брзина (half speed технологија), во студиото Abbey Road во Лондон.
Освен Half-speed мастерингот, направен од Мајлс Шоуел, изданието вклучува богата печатена колекција со фотографии од Георги Христовски, архивски фотографии од Croatia Records и придружни текстови.
Иако беше издаден во 1987 година, бендот почна да експериментира со идеи за нов студиски албум неколку години порано. По албумите „Калабалак“ (1983) и „Тангента“ (1984), издадени за Југотон, следеше „Звучни зид“ (1986), албум со песни кои во меѓувреме, беа напишани специјално за театар, филм и телевизијa.
Групата, ќе признаат членовите, минуваше низ прилично кризен период од 1985 година, а евентуалниот неуспех на планираното студиско издание секако ќе означeше распад на уште еден рок гигант.
За да го максимизираат потенцијалот на новиот материјал, бендот во состав: Влатко Стефановски, Бодан Арсовски и Гарабет Тавитјан, одлучува да го покани клавијатуристот Кирил Џајковски, кој станува постојан член. Покрај него, на снимањето се приклучуваат и саксофонистот Гоце Мицанов, пејачките Беби Дол и Ана Костовска, гајдашот Рони Ватен и перкусионистот Мишко Михајловски.
Целиот материјал е снимен во познатото М-2 студио на Радио-телевизија Скопје. Албумот „Kao какao“ звучи неверојатно свежо концептуално и продукциски, па дури и според денешните продукциски стандарди е навистина извонреден албум. За звукот на овој албум меѓу другите беше задолжен и Братислав Зафировски, кој освен за снимањето, беше заслужен и за миксот, а со Влатко и Бодан ја потпиша и продукцијата на „Као какао“. Со ова издание „Леб и сол“ го обезбеди статусот на еден од најголемите состави во историјата на нашите простори.
Винилното реиздание на „Као какао“ фановите од Македонија можат да го нарачаат онлајн, преку веб-шопот на Croatia Records.
Коментарите се затворени.