Уште еден сингл од деби албумот на Пава: „Крај мене“: Публиката го избра највпечатливото (ВИДЕО)
Гостивар, 20 јануари 2023 Добитничката на најстарата хрватска музичка награда – Music pub, за категоријата најдобра млада пејачка, го објави најзабележителниот сингл „Крај мене/Kraj mene“ од нејзиниот деби албум „Први чекори“ (Prvi Koraci)“. Тоа е песната која наиде на најмногу пофалби и внимание кај музичката критика и јавноста. Пава сега ја обајвува оваа песна заради како што вели, сингл по избор на слушателите. Радијската промоција на оваа нумераа ја закажуваме за утре (сабота) 21 јануари во сегментот „За прв пат на Радио“ во 12:00 часот на Radio G 106,4 и он лајн платформите.
Минатата година Пава потпиша договор за снимање и го издаде првиот албум, кој беше и најпродаван албум во Хрватска. Радискиот успех постигна со песните „Допусти ми“, „Хоризонт“ и „Слободан“, кои исто добро котираа на официјалните топ листи Инаку овој албум е и единствениот дебитантски наслов што стигна до самиот врв на листата во 2022 година.
„ Ова е песната со која ќе го затворам поглавјето од мојот прв албум. Ова е песна која луѓето веќе ја знаат и ја избраа да биде следен сингл. Иако многу ми се допадна ‘Крај Мене’, имав чувство дека нема да им фати уво на повеќето луѓе, но публиката целосно ме разубеди, рече Пава.
За албумското деби „Крај мене“ се зборуваше со епитети по објавувањето, бидејќи се добива впечаток дека токму оваа песна ќе го истакне Пава како врвен кантавтор од новата генерација. „Крај мене“ ја споредуваа со најдобрите песни на Нено Белан, Нора Џонс, групата Елементал и Парни Ваљак.
„Како и сите мои песни досега, така и оваа е придружена со спот, но овој пат јас го режирав тој спот. Велат дека кога работиш за себе, учиш да носиш многу капи и јас целосно се согласувам. Со секој проект , се градам и ги проширувам моите хоризонти, се надевам дека публиката ќе го види и цени“, објасни сестраната пејачка.
Ретро тонови и вокали со заразна енергија оставаат впечаток на леснотија на пеење што ќе ја одбележи песната како успешна. Омилената песна на публиката го дочека заслужениот епилог. Музиката и текстот ги напиша Ѓуро Равеншќак, а на аранжманот работеше мал тим на луѓе: Ѓуро Равеншќак, Петак Ивкиќ, Ловро Кнежевиќ, Домагој Чондриќ, Борис Капетан. Инаку албумот „Први чекори“ е достапен на сите платформи за стриминг и во продавниците и на веб-продавницата на Кроација рекордс
Коментарите се затворени.