Нова песна на D’reamers – Ова не е Крај (ВИДЕО)

Гостивар 6 февруари 2023   Дуото Д’римерс  (D’reamers) ја објавија нивната петта песна „Ова не е крај” со што дојдоа на половина пат од нивниот деби албум кој според најавите ќе содржи десет нумери. Новиот сингл наскоро ќе се емитува на на 106,4 (Radio G). Промотивно ќе ја емитуваме во вторник (7 февруари 2023) во 12:00 часот во „За прв пат на радио“, а ќе биде застапена и во „Ја Ја“ сегментот за промоција на гостиварски артисти.

Новиот сингл има поспоро темпо и е комбинација од модерен звук со ретро елементи и мелодичен рефрен. “Ова не е крај” е поп рок балада и една од песните кои ќе бидат носечки на првиот албум на Д’римерс. 

Автор на музиката и текстот е Синиша Карафилоски, аранжманот е на Дамир Пух и Наташа Миха, а ја отпеа Јордан Џејмс Ивановски.

Џејмс и за ова снимање кажа дека било уште еден предизвик:

“Атмосферата во која што ги снимаме нашите песни во GreenRoom Sound студио не може да се опише со зборови, тоа е нешто што може само да се доживее” вели Џејмс во објаснувањето како поминаа снимањето на петтиот сингл.

„Ова не е крај “ доби и видео спот, кој го изработи  ProCam студио. Во него главна ѕвезда е Росица Матеска со која бендот планира да ја продолжи соработката и да се најде на некој од новите видео изданија

Снимањето на видеото од обично патување се претвори во вистинска авантура која што ќе ја паметиме до крај на животот. Ова нé натера во иднина да ги подигнеме нашите стандарди кога станува збор за снимање на видео записи”  вели Синиша.

Видео записот е снимен на повеќе локации во соседна Грција (Ситонија, Солун) а за истото како и секогаш се задолжени ProCam студио.

Д’римерси во скоро време ќе влезат повторно во студио и за скоро време треба завршат две песни кои се веќе во фаза на изработка, а веќе се прават и плановите за видео записи.

Коментарите се затворени.