Сашо Поповски Трио објави спот за синглот „Ком Дипсан/Kom Dipsan“ “ (ВИДЕО)
Гостивар, 23 февруари 2023 За љубителите на џезот интересна и значајна вест поврзана со Сашо Поповски трио и нивната работа.
Од синоќа, (среда 22 февруари) композиција „Kom Dipsan“ која се наоѓа на последниот студиски албум „Fallen Land“ има видеоспот.
Овој џез состав Сашо Поповски-гитара, Иван Бејков-бас и Виктор Филиповски тапани и перкусии) имаше настап во Гостивар на првото издание на „The Park festival“.
Во објавата на ЈуТјуб каналот на Сашо Поповски Трио има и неколку рецензии за албумот„Fallen Land“ кои ви ги пренесуваме во слободен превод.
„Fallen land е албум во кој можеме да го најдеме најдоброто од душата на Балканот, а Поповски наоѓа една поцентрална димензија која најдобро ги истакнува неговите композиторски и извршни способности. Ритмите и хармониците не познаваат граници. Балканскиот џез има модерна душа“. – Марио Фераиоли Џез во семејството Италија.
„Карактеристиката за седумте композиции на гитаристот и композитор Сашо Поповски на Fallen Land е емотивна нишка која се провлекува низ претежно интроспективните, уметнички изведени изведби и ги прави нумерите кохерентни.“ – Ненад Георгиевски Сè за Џез.
„Музика со многу емоции и сугестии. Ќе ве врати во минатото како стара црно-бела фотографија. Но, од друга страна, ќе ја отвори и вратата кон иднината преку своето носталгично патување. “ – Симоне Губиоти џез во Европа.
„Машки џез со полен од момче. Музиката на Поповски е од сосема поинаков балкански свет, далеку е од животински ритми и танцови немири. Нејзините атрибути се чиста линија, фантазија, сонливо, филмско расположение и ориентални орнаменти, кои често им даваат на песните мистичен шмек“. – Јан Хочек Џез Порт Чехија
Композиторот Сашо Поповски во овој период работи активно и го најави и новиот албум „Чекори“ што би требало да се појави оваа есен.
Сашо Поповски е еден од водечките македонски џез-гитарист и композитор чија активност во изминатава деценија и половина оди по нагорна линија. Зад себе има пет албумски објави. Има исклучително богата концертна активност и настапувал на повеќе џез-фестивали во Европа, како Џез фестивал Рокела во Италија, Перто џез фестивал во Санкт Петербург во Русија, Нишвил во соседна Србија, Петровац џез фестивал во Црна Гора и други.
Коментарите се затворени.