Објавен нов конкурс за MUZZIK видео награди – MVA 22.23
Гостивар, 10 април 2023 – Регистрирајте ги вашите фаворити кои објавија видеа во периодот од 01.01.2022 година до 4 април 2023 година! Повторно ќе се натпреваруваат најдобрите во регионот, вака гласи повикот за учестово на конкурсот за избор на најдобри видео спотови.
Под наслов „MVA 22.23“ минатата недела беше отворен конкурсот на Фестивалот на краток музички филм, музичко-филмска манифестација која сака да го претстави и поттикне развојот на музичката, филмската и видео индустријата во регионот. Пријавувањето трае до 30 април 2023 година. Селекцијата вклучува кратки музички филмови издадени во периодот од 1 јануари 2022 до 4 април 2023 година.
Категориите во кои се натпреваруваат музичките спотови се: 1. Најдобро видео, 2. Видео за ново изведување, 3. Рок, 4. Фјужн, 5. Поп, 6. Електро денс музика, 7. Инди, 8. Хип Хоп, 9. Режија, 10. Монтажа, постпродукција и специјални ефекти, 11. Камера, 12. Концепција и уметничка режија, 13. Кореографија, 14. Анимирано видео, 15. Главна улога и 16. Видео со порака.
Дискографските куќи, авторите, продуцентите, бендовите и изведувачите можат да аплицираат преку е-пошта: [email protected]
Видео клипот „Кринџ“ на бендот Стерео Банана е прогласен за најдобар спот на минатогодишниот натпревар, по остварената соработка со публиката и регионалното жири. Конкуренцијата лани беше голема, а оваа година се очекува да пристигнат повеќе видеа со оглед дека рокот за пријавување е продолжен за уште 3 месеци.
Меѓу номинираните во различни категории се најдоа и македонските музичари и автори: Дина Јашари, Дуке Бојаџиев, Фолтин, Дупер, Зее Бомб и групата која беше номинирана и победи на конкурсот претходната година, Funk Shui.
За номинираните видеа ќе може да гласате од 1 мај 2023 година, а победникот ќе биде објавен во јуни 2023 година.
згм
фото: MUZZIK TV
Коментарите се затворени.