Нова песна на MIYATTA: „Ме Боли“ шансона со француски шмек (ВИДЕО)
Гостивар, 19 април 2023 Нова песна и видеоспот ја збогатија македонската дискографија. Станува збор за темата „Ме боли“ која е која е музичка соработка со франкофонските „побратими“ на Мијата/MIYATTA од Битола, групата Фолтин. Радиската промоција ја закажуваме за утре во 12 часот.
Новиот сингл е авторско дело на Наташа Мијат Крстевска и всушност е француско-македонска шансона, за која аранжманот го заеднички го направија со Фолтин. Песната е снимана во студиото Алшар во Скопје.
Мијата/MIYATTA за новата песна и соработката ќе каже:
„Пресреќна сум што постојат врвни уметници како што се Фолтин, кои веднаш го разбраа музичкиот филм кој го посакував и создадоа автентична атмосфера поради која оваа песна ќе се смести на листата на препознаени шансони од целиот свет“
Оваа позната кантавторка која на естрадното небо се појави со „Верувам во себе“, дополнува дека новиот сингл има француска верзија со наслов „C’est joli“ а која ќе биде премиерно изведена на TV5 Monde, француска телевизија која ги поддржува франкофоните ширум светот.
За песната е снимен видеозапис во кој глуми актерката Јелена Мијатовиќ, (н.з. сестра на Наташа). Бојан Секулоски стои зад снимањето, фотографијата, колор корекцијата и монтажата, а видеоматеријалот во студио Алшар го сними
Кире Мирчовски
Мијата/MIYATTA упати поздрав до нејзините фанови и порача:
„Се надевам дека оваа песна ќе ја разубави пролетта и ќе ни даде еден француски шмек“.
Новото дискографско издание „Ме боли“ премиерно ќе биде емитувана утре (20 април) во 12:00 часот во „За прв пат на радио“.
Коментарите се затворени.