Конкурс за наградата Милан Младеновиќ
Гостивар, 4 мај 2023 – Фондацијата Милан Младеновиќ (Zadužbina Milana Mladenovića) го отвори конкурсот за наградата Milan Mladenović 2023 под мотото „Prijavi svoju stvar” за најдобра песна на територијата на поранешна Југославија
Сите автори кои сакаат конкурираа за наградата која го носи името на легендарниот лидер на ЕКВ, Милан Младеновиќ ќе треба да се пријават до 31.05.2023 година.
И оваа година жирито е регионално. Освен Констракта, членуваат и авторката и уредничка на емисијата „Бунт“ Бранка Главоњиќ (Србија), музичарот Борис Лејнер (Хрватска), музичарот Зоран Предин (Словенија) и писателот и музичар Марко Шелиќ Марчело (Србија). Сите тие се вклучени во потрага по наследникот на македонската пејачка Дина Јашари, која престижната награда ја доби лани, за песната „Дома“.
Стручното жири прво ќе избере 12 финалисти кои ќе бидат објавени на промотивна компилација во продукција на Фондацијата Милан Младеновиќ. Добитниците на овогодинешното признание ќе бидат наградени и со парични награди. Наградата е 3.000 евра. Фондацијата Милан Младеновиќ оваа година воспостави долгорочна соработка со фестивалот Егзит, а добитникот на наградата Милан Младеновиќ 2023 автоматски ќе биде вклучен меѓу изведувачите на Егзит 2024 година.
Наградата Милан Младеновиќ е основана со цел да се поттикне музичката креативност која се карактеризира со вредностите својствени на уметничкото наследство на Милан. Наградата за најдобра песна од поранешна Југославија ќе биде доделена на церемонија на 21 септември – денот на раѓањето на Милан.
Конкурсот е по правилото: еден автор – една песна) и на кандидатите им се препорачува да обрнат посебно внимание на текстот и на музиката.
„Лично, многу внимавам на текстот и на темата што е избрана и на начинот на кој тој текст е поткрепен со музика: што е аранжман, што е драматично, што е продукција, што е жанр“, вели Ана Ѓуриќ Констракта, една од членовите на стручното жири.
Повеќе информации околу конкурсот и наградата може да најдат на интернет страница на Фондацијата „Милан Младеновиќ“.
Коментарите се затворени.