Група Валентино има нов хит „Не си одам дома“/Neću kući
Гостивар, 11 мај 2023 – Оваа пролет ни донесе уште еден хит на Зијо Валентино. Бројни генерации пораснаа слушајќи ги нивните хитови како легендарните евергрини „Samo sklopi okice“ (Само замижи ги очињата)“, „Oka tvoja dva“, (Очите твои две), „Volim te još“ (Сè уште те сакам), но трендот на квалитетни песни продолжува. За тоа потврда е штотуку објавената „Не си одам дома/Neću kući“.
Радиската промоција на новата песна на Валентино ќе биде денес во 12:00 часот на 106,4 и онлајн платформите.
Фронтменот на групата Зијо Валентино го потврди талентот за пишување одлични текстови со кои публиката ќе се идентификува, а текстот е она што ја прави песната незаборавна. „Не си одам дома“ е идеален пример за ваква песна и поп-рок мелодија која го плени слушателот „на прва“.
„Во песната пееме за случајна средба со некаква „femme fatale“ која се случила во совршен момент – по раскинувањето на врската, грд крај и бесцелно талкање. На пијачка во кафеана, случајната средба со фатална жена ја менува судбината на главниот лик, му ја враќа самодовербата и му го менува текот на животот“, вели Зијо.
Неговите песни се случиле, имаат име, презиме и адреса, а навистина песната „Neću kući“ остава токму таков впечаток. Народот сака вистински приказни, а ги сака и песните на една од најстарите групи во регионот, која годинава слави 40 години музичко творештво. Ова е ситуација кога љубовта кон добра песна и одличен бенд се спојуваат во хит сингл.
„Приказната е вистинита и сигурно им се случила на многумина од нас. Има жени и случајни романси кои не спасија и ни ја вратија самодовербата и вербата во љубовта“, заклучи секогаш романтичниот Зијо Валентино, кој го напиша текстот, музиката и аранжманот за оваа песна. Поради начинот на кој е напишана, новата песна дефинитивно ќе остане во главите на слушателите, а препознатливиот звук на групата Валентино, заедно со модерната продукција, ќе ја воодушеви и новата и старата публика.
Коментарите се затворени.