ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНАТА ПЕЈАЧКА ТИНА ТАРНЕР

Гостивар, 24 мај 2023 – Тина Тарнер, една од најмаркатните ѕвезди на музичката сцена почина денес на 83 години по долго боледување, во нејзиниот дом близу Цирих, Швајцаријa. Таа имаше здравствени проблеми изминативе неколку години, откако во 2016  ѝ беше дијагностициран рак, а во 2017 ѝ беше трансплантиран бубрег.

Тарнер се прослави заедно со сопругот Ајк во 1960-тите од кого се разведе 1978 година. Таа за тој период ќе каже дека во децениска врска била тепана и малтретирана. По оовј период таа отпочнува соло кариера во која се редат хитовите како The Best, What’s Love Got to Do With It, Let’s Stay Together, Steamy Windows, Private Dancer, темата за Џејмс Бонд „Златно око“ (GoldenEye), I Don’t Wanna Fight and It Takes Two, дует со Род Стјуарт.

Тарнер имаше и семејни трагедии – самоубиството на нејзиниот најстар син Крег во 2018. Другиот син, Рони, почина во 2022. Таа имаше и два посвоени сина, Ајк Џуниор и Мајкл, децата на Ајк од претходната врска.

Коментарите се затворени.