Сара Мјес/Sara Mace има нова песна: „ФрЕкФеНцИјА“. (ВИДЕО)
Гостивар, 7 јуни 2023 – Сара Мејс на публиката и љубителите на музиката ѝ подари освежувачко транспортирање на една поинаква „ФрЕкФеНцИјА“. Radio G продолжува со мисијата да поддржува македонска музика и автори, a овој пат приближуваме нови живи, длабоки, ултра-забавни емоции.
Новата песна на Сара Мејс има енергијата, којашто се испреплетува низ стиховите. Таа е забавна „мелодична четка“, а вајбот во оваа нова песна и видео запис, е инспирација од колоритните 90ти години од минатиот век.
По ритамот и искршениот бит, со позитивни вибрации и во фанки расположение, новата песна на Сара Мејс претендира да биде хит за претстојниот летен период во кој љубовта е дел од секоја насмевка, танц, прегратка.
Како автор на музиката и текстот се потпишува Сара Мејс, аранжманот и продукцијата се на Иван Петровски. Видео записот е креативно режисерско дело на Кристијан Шемко, во тим со Томислав Живковиќ, кој стои зад уникатниот сплет на ефекти и колор-корекција. Уникатната кореографија, која совршено е синхронизирана со текстот и мелодијата е осмислена од страна на тимот на Студио Брејк а Лег. Новата песна на Sara Mace „ФрЕкФеНцИјА“ од денес е на фрекфенцијата 106,4 на Radio G и на онлајн платформите.
Видео записот може да го погледнете на YouTube платформата на официјалниот канал на Сара Мејс:
Коментарите се затворени.