(ВИДЕО) Џамбазов издаде нов сингл: Дебела сенка (Фатален Авто Коитус Ф.А.К.)

Гостивар, 9 јуни 2023 – Во најава на летото и горештините, најмногу барано е освежувањето во дебелата сенка, а уште ако е дополнето со музика тогаш погодокот е во центар. Токму таков наслов, „Дебела сенка“ носи новиот сингл на Игор Џамбазов. Станува збор за динамична песна во побрз рокабили ритам со блуз фрази и оригинален опис на актуелната состојба во која живееме.

Премиерата на новата песна на Џамбазов беше деновиве на неговиот Јутјуб канал и веќе достигнува значителен број на прегледи.

Во снимањето и создавањето на овој сингл се работело интензивно во студиото Тра-ла-ла. Како автор на музиката и текстот се потпишува Игор Џамбазов, аранжманот е на неговиот „блуз брат“ Игор Атанасоски Харе и Мите Димовски. Во студискиот оркестар се и: на хармоника, Мишел Трајковски, гитари: Игор Атанасоски Харе, кој заедно со Тања Тас ги пеат придружните вокали. Освен во аранжманот, Мите Димовски беше задолжен и за тапаните, програмирањето и продукцијата.

За новата песна која освен насловот „Дебела сенка“ има и алтернација (фателен авто коитус, скратено: фак) е снимен и видеоспот што го изработи Nic.

“Дебела сенка” е пилот сингл од неговиот нов албум, кој е заедничко дело со Гуру Харе наречен „Првите триесет“. Уживајте во новата песна на Џамбазов. Според содржината таа Radio G деновиве ќе се врти почесто.

Коментарите се затворени.