Дуото Busy Schedule направи ремикс на „Одведи ме во сонот“ Soundcheck
Гостивар, 20 јуни 2023 – Електронското дуо Busy Schedule снимија ремикс на „Одведи ме во сонот“. Радиската промоција на оваа трака ја закажуваме за утре 21 јуни среда во 12 часот
Ова електронско дуо неодамна реши да направи преработка на песна на бендот Soundcheck (Саундчек) и наишле на добар прием и оствариле соработка.
Овој своевиден кавер на песната, која оригинално е снимена во 2020-та година има deep house (дип хаус) аранжман, со што таа ќе добие додадена вредност и ќе може да се слуша и пушта во клубови и на журки.
Дуото Busy Schedule неформално постои пет години и велат дека нивната соработка почнала кон крајот 2018 година кога ги имале и првите настапи како ди-џеи по гостиварски клубови. Зад Busy Schedule стојат: Мирослав Ѓорѓевиќ, економист (28) и Виктор Трифуноски, архитект (29). Нивните почетоци во продуцирање на електронска музика се врзани за како што велат, времето на бумот на електронската музика, а идоли им биле Avicii, Tiësto, Hardwell, Hot Since 82
Последниве години посветени им се на професиите, но наоѓаат време да снимат и по некоја нова трака. Досега во нивното студио снимиле десетина траки, но има и уште толку во демо верзии кои допрва ќе бидат објавени. Засега немаат издавач и сработеното го претставуваат на нивниот Јутјуб канал
(https://www.youtube.com/@busyschedule3058)
Во наредниов период планираат да преработат стари македонски популарни песни и шлагери. Иако, велат дека некои се стари и половина век, сепак вреди да се слушаат и да ја бидат популарни кај помладата публика во помодерен аранжман и актуелен звук.
Последната нивна преработка може да слушнете и тука
Коментарите се затворени.