Парни Валјак имаат нов сингл – Богатите ќе побегнат на Марс / Parni Valjak feat. Igor Drvenkar – Bogati će pobjeći na Mars
Гостивар, 4 јули 2023 – Парни Валјак со новиот пејач Игор Дрвенкар снимија уште еден сингл. Новата песна со наслов „Bogati će pobjeći na Mars“ ексклузивно во етер ќе ја емитуваме утре (5 јули 2023) во 12 часот во „За прв пат на радио“ на 106,4 и на онлајн платформите на Radio G.
Со „Богатите ќе побегнат на Марс“ бендот ја продолжува соработката со Игор Дрвенкар и доаѓа по серијата успешни концерти низ регионот. Ова лето за нив е активно со олед на бројот на закажани концерти.
Авторот на музиката и текстот е Хусеин Хасанефендиќ Хус и за новиот сингл ќе каже:
„Дојде време да претставиме нов сингл, нова песна која ја снимивме со нашиот Игор. Ветивме дека ќе работиме на нови песни, а се надевам дека до крајот на оваа или почетокот на следната година ќе имаме цел албум. Во меѓувреме, слушнете го нашиот втор сингл. Можете сами да одлучите за што се работи, а ние едвај чекаме да почнеме да ја свириме во живо бидејќи е малку пожешка, вистинска концертна песна“, вели Хус, во изјавата која ќе ја слушнете во промотивниот сегмент „За прв пат на Радио“
Новата рок песна носи силна порака чиј квалитет ќе го препознаат сите слушатели.
По смртта на Аки Рахимовски, се навестуваше крај на ерата на Парни Валјак еден од најуспешните бендови на поранешните Ју простори. Соработката со вокалистот Игор Дрвенкар, познат на пошироката публика по настапите во музичкото шоу А-страна го продолжи рокот на траење на бендот кој започна интензивна концертна активност. Бендот е формиран во 1975 година и има снимено 19 студиски албуми. Последните два сингла се најава за новиот албум кој според најавите ќе излезе кон крајот на годинава и на почетокот на идната Дрвенкар дебитираше со претходниот сигл „Моја глава, моја правила“.
Коментарите се затворени.