Горан Баче и Фаворити снимија спот за „Не е касно“ (ВИДЕО)

Гостивар, 2 јули 2023 – Горан Трпески-Баче и неговиот бенд Фаворити деновиве го објавија спотот за песната „Не е касно“. Крајот на јуни беше резервиран за снимање на сцените на повеќе локации. Видеото е комлетен продукт на ПРОКАМ ПРОДУКЦИЈА со што ќе стане поблиска до публиката.

Гостиварци во видео записот ќе препознаат дел од амбиентите на кафе Мат, хотел Гили и локации од градот. Покрај членовите на бендот, сцените ги збогатуваат уште неколку статисти и актери.

Песната изминатиов период беше често застапена на Radio G и непосредно по снимањето ја емитувавме, а Баче уште тогаш најави дека ќе се снима и видео-спот.

Коментарите се затворени.