Траката „Que Quieres“ на нашиот Avensis се искачува на топ листите

Гостивар, 11 јули 2023 Нашиот музички пријател и неодамнешен гостин, ди-џејот и продуцент Филип Мајсторски, во музичката јавност познат како Avensis сподели убава вест. Синглот„Que Quieres“  кој слушателите на Radio G имаа можност да го слушнат пред офцијалната промоција, за десетина дена дојде до 61 место од листата на 100 top tracks. Според догашениот тек, наскоро може да биде и меѓу топ10.

Avensis како продуцент на електронска музика ова лето е актуелен со најновата соработка со Leandro Da Silva i C-Fast која ја е под етикетата на издавачката куќа на Nicky Romero, Protocol Recordings. Ова издание насловено како „Que Quieres“ По убавиот и топол прием од публиката на неодамнешниот настап во последното издание на серијалот за урбана музика „CHILL PILL“, најави дека повторно ќе гостува на 106,4.

Коментарите се затворени.