MIYATTA објави нов сингл ,,Добра ноќ, Добар ден” (ВИДЕО)

Гостивар 17 јули 2023 –  По недомнешната промоција на последниот албум „Вида“ на концертот во Куршумли – Ан во рамките на прoграмата на Скопско лето, MIYATTA приреди уште едно пријатно изненадување. Песната ,,Добра ноќ, Добар ден” доби видео видео запис. Новиот сингл веќе се врти на 106,4 фреквенцијата на Radio G.

Официјалниот видео запис ја визуелизира атмосферата од концертот кој се одржа минатиот месец (28 јуни) кога всушност беше промотивно изведена.

Новиот сингл ,,Добра ноќ, Добар ден” е сниман во студиото Подрумот и авторско дело на MIYATTA, Elizabeth Paul (музика) а текстот на MIYATTA, аранжман, клавијатури и микс: Ангел Ќосев. Во новата песна учестуваа и придружни вокали: Мартина Нанеска, Елена Васова, Дино Хриџиќ, Стефан Манасиевиќ, Бранко Илиевски и Зоран Тортевски. Мастеринг е на Дамир Пух, GreenRoom Sound Studio. Видео спотот е дело на Љупчо Трајковски кој го режираше и монтираше.

За фановите на Наташа Мијат Крстевска една дополнителна информација. Таа, утре, вторник, 18.07.2023, со почеток од 19:00 часот, ја отвори сезоната на музичкото вечерно матине кое традиционално се одржува во Скопје Сити Мол. На сцената поставена на платото кај детскиот парк и ДНК кулата, ќе се претстави со авторски и кавер репертоар. Ќе ја придружува акустичен состав: Кире Мирчовски на гитара и Иво Митковски на бас гитара.

Линк од официјалниот видео запис за ,,Добра ноќ, Добар ден”

-фотографија Вангел Тануровски (концерт)

-Фотографија Фросина Ангеловска (матине плакат)

Коментарите се затворени.