Croatia records: Двоен албум на 4 АСА со легендарни хитови

Гостивар, 31 јули 2023 –  Наскоро во продажба ќе се најде двоен албум со грст хитови кои 4 АСА/4ASA ги снимија за Кроација рекордс/Crotatia Records. На новото дискографско издание се наоѓаат 39 песни кои во минатото биле големи хитови и уште се слушаат и пеат. Дел од овој материјал веќе може да се слуша на Radio G 106,4.

Албумот „4 AСA“, кој од минатата недела е достапен за претплата на webshop.crorec.hr, очекувано предизвика голем интерес и го има на сите дигитални платформи.

Од Croatia Records велат дека овој двоен топ албум на годината со низа дуети и соработки како двојно цеде на музичкиот пазар ќе се појави во петок, на 4 август 2023.

Материјалот за албумот со наслов „ 4АСА“, го работеа Јурица Паѓен, Владо Калембер и Ален Исламовиќ со голема помош на Славко Пинтариќ Пишта и Игор Матковиќ е сниман цела година. Бидејќи местото на Рајко Дујмиќ остана празно, тројцата  (Јурица, Владо, и Ален) решија да го пополнат со свои гости. Во изработката на новиот албум се вклучени дури четириесет и седум гости.

Гости на 4 АСА се големи музички имиња, големи инструменталисти, актери, еден детски хор, една клапа, еден спортист и научник. Ова е дел од долгата листа на учесници: Хусеин Хасанефендиќ, Миа Димшиќ, Борис Новковиќ, Нено Белан, Давор Гобац, Даворин Боговиќ, Срѓан Сахер, Алка Вуица, Борис Новковиќ, сопраните Сандра Багариќ и Марија Видовиќ, словенечките кантавтори Владо Креслин и Зоран Предин, Клапа Св. Миховил, Франо Ласиќ, Бранко Ѓуриќ-Ѓуро, Дубравко Шименц, Питер Соаве и Данијел Вулетиќ, добитник на неколку Греми награди.

На албумот се најдоа преработки на големи хитови како „Обична љубовна песна“, „Ружица си била“, „Лутка за бал“, „Шошана“, „Треба имат душу“, „Моја прва љубов“, „Зора је“, „Милена“, „Ѓурѓевдан“, „Босном бехар пробехаро“, „Све ове године“ и неколку традиционални песни, кои звучат навистина одлично.

Музичката продукција на албумот ја потпишуваат Хрвоје Грчевиќ, Владо Калембер, Јурица Паѓен и Ален Исламовиќ.

Албумот како плејлиста може да го најдете на webshop.crorec.hr со попуст од 15%  за купување однапред.

Во меѓувреме додека го симнувате материјалот еве и еден видео-спот.

Коментарите се затворени.