Зоран Предин (Лачни Франц) напиша песна за кошарката и пее на Mакедонски јазик (ВИДЕО)
Гостивар, 22 август 2023 – Словенечкиот кантавтор и писател Зоран Предин сними песна во која пее за кошарката. За фронтменот на некогаш популарниот состав „Лачни Франц“ се знае дека освен музика ја сака и кошарката. Изгледа дека тие две љубови се споиле и биле клучни за создавањето на нова песна со наслов наречена „Топката има душа”. Значајно за оваа песна е што има македонска верзија, поточно Зоран ја пее на македонски јазик. Овој гест на словенецот е значаен и заради актуелниот момент кога македонскиот јазик е оспоруван од бугарските власти. Во момент, како што кажа спортскиот коментатор Горан Стојановски по крајот на фубалскиот натпревар со Грузија, репрезентацијата на Македонија обезбеди настап на ЕУРО 2021
„Во овој период, кога ни оспоруваат и име и презиме и нација и ген, еве нè во Европа!..“
Предин нé испочитува со убав македонски препев иако нема да настапиме на „мундо баскет“.
Пред почетокот на сезоната на кошаркарски натпревари и претстојното светско првенство го поттикна навивачот во Зоран да состави нова привлечна навивачка мелодија. Новата песна со наслов „Топката има душа“ е издадена од Classic Records и се базира на длабоката врска со кошарката, спорт кој отсекогаш бил значаен дел од неговиот живот. Како долгогодишен поддржувач и почитувач на кошарката, Зоран Предин реши својата страст да ја искаже преку музиката.
– Како долгогодишен љубител и почитувач на кошарката, по повод овогодинешното светско првенство во кошарка, ја напишав песната „Топката има душа“. Тоа е песна за нас, посебно кошаркарско племе кое не прави разлика меѓу пол, вера, националност и боја на кожа. Токму спротивното. Воодушевена од оваа игра, таа не обединува како сродни души од сите возрасти и професии. Истите тројки и банани не креваат на нозе, сите наши победи се подеднакво слатки за секого и нашите солзи се подеднакво горчливи за сите. Затоа пеам дека топката има душа и дека нејзиниот ритам секогаш не носи во подобар свет, светот на нашиот омилен спорт кој секогаш ни ги исполнува срцата со најубави чувства, вели Зоран Предин ака Зоранче Прединче.
Нашата репрезентација нема да настапи на турниот, но секако навивачите ќе имаат песна која почесто ќе се емитува на 106,4 Radio G наредниве денови.
Зоран Предин долги години е присутен на музичката сцена и со своите авторски дела стекна широка публика особено како фронтмен на „Лачни Франц“. Неговата разновидна музичка кариера вклучува соработки со различни музички состави и жанрови, од кантавторски израз до рок и поп.
Љубовта кон кошарката се родила кога Југославија станала Светски шампион во 1970 година. Следниот ден, Предин почна да тренира кошарка во мариборскиот клуб Браник, (Марибор 66). „Не бев некој посебен талент, но бев капитен на секој тим во кој играв. Во втора година средно го повредив колкот и мојата активна кошаркарска кариера заврши. Топката беше заменета со гитарата“, додава Предин.
Со цел да се надминат регионалните јазични бариери, песната е снимена на дури три јазици во три верзии хрватска, словенечка и македонска верзија. Заедно со самата песна, наскоро ќе биде објавен и видео клипот во продукција на Роко Предин, синот на музичарот.
„Песната е ода на атрактивен глобален спорт. Како таков, тој е посветен на сите за кои овој спорт значи многу. Можам да се пофалам дека на есен подготвувам многу атрактивни изненадувања на оваа тема“, откри Предин.
Коментарите се затворени.