Тамара Грујеска настапи на Skopje Fashion Festival 2023
Гостивар, 29 септември 2023 – „Малата дива“ од Гостивар Тамара Грујеска и македонски претставник на Junior Evrosong 2023 вчера имаше блескав настап. Тамара беше дел од спектакуларниот моден настан Skopje Fashion Festival 2023. Таа на сцената во Pure club Skopje,настапи со неколку песни воодушевувајќи ја публиката.
Нашиот претставник на „Јуниорскиот евросонг“ во оваа прилика настапи облечена во креација на KTN со што ја најавува соработката со оваа модна куќа.
Деновиве очекуваме да бидат промовирани песната и видео записот за настапот на Junior Evrosong во Ница Франција, а последните информации упатуваат дека работите се во финална фаза. Да потсетиме дека Македонската радио-телевизија МРТВ дванаесетгодишната Тамара Грујеска за претставник на Македонија на годинашниот „Јуниорски евросонг“, што ќе се одржи на 26 ноември во Ница, Франција.
На Radio G, Тамара е актуелна во музичкиот сегмент “Ja Ja- Го сакам Гостивар со три песни“ и ја слушаме два пати дневно со нејзиното последно музичко парче „Имам сила“
Коментарите се затворени.