Бендот Зостер издаде нов студиски албум: „Najgori“ е веќе во етерот
Гостивар, 9 октомври 2023 – Најновото дискографско издание на мостарскиот бенд „Зостер“ кој претендира да биде еден од најдобрите албуми во регионот за оваа година стана достапен на сите музички платформи, а наскоро да биде ставен на винил и це-де. Не е само Мајкл Џексон „Лошиот“. И новиот албум на составот „Зостер“ го носи истиот наслов – „Најгори“. Нашите пријатели Croatia Records ни го испратија материјалот и од оваа недела слушателите на Radio G ќе имаат можност да го слушаат на 106,4 и на онлајн каналите.
Насловот „Најгори/Najgori“ е само во фигуративна смисла на зборот, бидејќи, според музичката критика станува збор за еден од најдобрите албуми снимени оваа година во регионот.
По тој повод во музичкиот сегмент „За прв пат на радио“ што ќе се емитува утре(вторник) во 12:00 часот ќе ја промовираме насловната нумера од најновиот албум.За љубителите на добриот звук ќе направиме и осврт на албумот и низ неделата на останатите песни. Па така во серијата ќе ги претставиме пет синглови: „Čovjek zvani činjenica“, „Kuda idu svi ti ljudi“, „Treba mi keš“, „Čovjek želi da je ptica“, и „Mozak na pašnjak“ кои му претходеа на долгоочекуваниот петти по ред албум.
Фронтменот на бендот, Марио Кнезовиќ ќе каже: „Албумот „Најгори“ е во етерот. Тоа е тоа. Зостер кажа што имаше да каже. Од денес почнуваме да работиме на нов албум“.
Албумот го миксаше Ѓани Перван, мастерингот е на Горан Мартинац, музичкиот продуцент е Адис Сирбубало, а визуелните решенија за корицата на албумот се на Сандро Дриновац. Материјалите се снимани во музичкиот центар „Павароти“ во Мостар, студиото „Барак“ во Мостар и студиото „Модра ријека“ во Сараево.Покрај старите членови на бендот Атила Аксој и Горан Ребац, новите членови се Силвио Нуиќ (гитара), Анес Беглербеговиќ (тапани), а како гости Мирон Рафајловиќ (труба), Џони Гомез (перкусии), Едвин Хаџиќ (бас), Џани Перван (тапани), Лидија Кордиќ (придружни вокали).
Албумот е достапен на сите дигитални музички платформи, а се очекува наскоро да излезе на винил и на цеде. Во 2020 година, Зостер потпиша ексклузивен договор со Кроација рекордс за издавање на албумот „Најгори“.
Еве и едно видеата на бендот.
Коментарите се затворени.