Дарио издаде нов сингл: На радио ќе се слуша „Молитва“, набрзо и видеоспот

Гостивар, 18 октомври 2023 – Дарио Панковски ги „почести“ неговата публика и љубителите на македонската поп-музика со нова песна. По деновите поминати во студио, конечно во етерот проструи новиот сингл со наслов „Молитва“.

Станува збор за убаво спакувана, слушлива романса која опева една љубов. Аранжмански е дотерана за да може да ве натера да запеете и заиграте по нејзиниот ритам. Во новата песна заводливо привлекуваат и фламенко – гитарските делници кои ги отсвире Владимир Дојчиновски. Автор на музиката и текстот е Дарио, а аранжманот и продукцијата се на неговиот долгогодишен соработник Кристијан Габровски, во чие студио е снимана.

Дарио најавува видеоспот за новиот сингл и како што вели тој веќе се работи. За него е задолжен Дарио Јанковиќ кој со екипата веќе сними сцени и кадри на повеќе локации низ Скопје. Најновата песна на Дарио, еден од „најголемите“ пејачи на нашата естрада од денес се врти по македонските радиостаници, а како што се најавува многу скоро ќе има и ТВ промоција на новиот видеоспот.

Да потсетиме дека „Ракија“ претходниот сингл на Дарио кој излезе во ноември минатата година на Radio G беше многу вртен и прифатен од слушателите. Годинава, придружуван од бендот „Миг 21“ на блескав начин ја заокружи својата четири децениска кариера со серија концерти, кои освен што помина одлично кај публиката, позитивно беа оценети и од музичката јавност.

За сите оние кои ја сакаат музиката на Дарио, најавуваме официјална промоција во „За прв пат на радио“ сегментот за промоција на дискографските новитети на Radio G на 106,4 и онлајн платформите. Новата песна на Дарио „Молитва“ премиерно ќе биде емитувана утре (четврток 19 октомври) во 12:00 часот.

Коментарите се затворени.