Нов сингл на Зоран Рудан Цеки: „Поштарот Петре“ ведра приказна за скопските маала (ВИДЕО)

Гостивар, 20 октомври 2023 – Од креативната работилница на кантавторот Зоран Рудан Цеки излезе уште една ведра и певлива приказна за животот во скопските маала претопена во ликот на локалниот поштар. Токму така, новиот сингл е насловен „Поштарот Петре“.

Комплетен автор на новата песна е Цеки и снимена во неговото студио Целофан. За песната е снимен видеоспот кој излезе деновиве. Во него Цеки со уште двајца актери, Елизабета С. Зафировска и Дарко Вељиќ, на симпатичен начин, со мимики и гестикулации, ги прават текстот и песната уште поинтересни.

Инспирацијата за оваа ведра шансона со модерен призвук и продукција, авторот вели дека ја нашол во носталгијата за минатите времиња.

– Што се однесува до песната Поштарот Петре, само ќе кажам дека повеќето моменти од приказната во песната навистина постоеја и се прераскажуваа низ многуте тогашни скопски маала“, ни рече Цеки.

Во етерот на 106,4 на Radio G слуша од вчера и веќе има позитивен одек и позитивни реакции на слушателите.

Цеки беше често „вртен“ во радиопрограмата изминативе месеци со синглот „Џабе живиш у Скопје“. Тука може да се погледне и видеото за поштарот, галантен шармер кој „ѕвони два пати“

 

Коментарите се затворени.