Нов албум на Владо Подани: Бијело дугме за клавир и уживање

Гостивар, 24 ноември 2023 – Познатиот композитор и пијанист Владо Подани неодамна го објави албумот „Црно-бијело дугме“. Во него се сместени десет нумери со клавирски аранжмани на најпознатите песни на „Бијело дугме“.

Некои од нив веќе ги слушате во програата на Radio G, но за фановите на „Дугме“ и дискофилите да откриеме дека во ова албумско издание се наоѓаат обработки на песните на Горан Бреговиќ: “Ima neka tajna veza”, “Ipak poželim neko pismo”, “Sanjao sam noćas da te nemam”, “Pristao sam biću sve što hoće”, “Lažeš zlato”, “Ružica si bila”, “Uspavanka za Radmilu M.”, “Đurđevdan”, “Da te bogdo ne volim” и “Šta bi dao da si na mom mjestu”.

Владо Подани, кој на публиката и музичката јавност ѝ е познат и како клавијатуриста на „Дивље јагоде“, од времето на албумот „Коњи“. Еве што тој зборува за новото дискорграфско издание:

– Името на албумот веднаш објаснува и кажува што се свири и на што се свири. По 38 години професионална кариера, решив да се вратам на почетокот на мојата приказна и на моето растење со музиката на „Бијело Дугме“, со која израсна генерацијата од осумдесеттите, вклучително и јас. Бев предодреден да посветам дел од мојата работа и кариера на нешто што ме обликуваше, што ми ја даде мојата прва иницијација во рокенролот, на кој тогаш му се радуваше цела Југославија. Веќе по албумот „Гранд пијано“ имаше иницијација дека тоа ќе се случи. Во изборот имаше голем број нумери, а јас се одлучив за овие 10, кои некако го претставуваат епохалното дело на „Дугме“. Презадоволен сум од албумот, а реакциите низ бивша Југославија се одлични. Имам чувство дека сум „удрил во емотивната жичка“ на луѓето и ми се чини дека преку овие композиции успеав да им ја вратам на луѓето таа многу потребна емоција. Важно ми е само луѓето да уживаат во тоа и да им донесам малку среќа, вели Подани.

Овој извонреден инструметалист во текот на својата повеќедецениска кариера, соработувал со бројни музичари од југословенската сцена. Во тој период и со членовите на „Бијело Дугме“. Неговата подоцнежна работа е повеќе насочена кон уметничката музика, а со овој албум се враќа на почетоците на својата професионална кариера – на рокенролот. Владо Подани има соработувано со Дивље Јагоде, Жељко Бебек, Тифа, Црвена Јабука и редица рок состави, а во деведесетите години бил и музички уредник во ТВБиХ.

Новиот албум “Crno-bijelo dugme”  е вредно парче во колекцијата на фановите на Бијело Дугме, а може да се купи на сите продажни места на “City Records” и онлајн во преку webshopa www.citystore.rs ili www.kupindo.com. Инаку освен на Radio G, за преслушување на достапен е  и на познатите дигитални платформи: Spotify, Deezer, Apple music или на музчката стриминг апликација Balkan Music. Владо може да го следите и на Instagram @vladopodany.

тука може да погледнете едно интервју на Подани каде зборува за новиот албум

 

Коментарите се затворени.