Нова песна: Излезе “Сонувај” – шестиот сингл на D’Reamers (видео)

Гостивар, 28 ноември 2023 –  Дуото D’Reamers го објави шестиот сингл и граби напред кон целта, да се собере материјал за албум. Новата песна има и видео кое се вклопува во есенскиот „mood“. На тимот, токму есента како годишно време им се погоди за да бидат креативни. Радијската промоција ќе биде утре, точно на пладне во сегментот „За прв пат на радио“ што се емитува на 106,4 Radio G.

Најновата „музичка креација“ на D’Reamers има наслов  „Сонувај”.  Музиката и текстот се на Синиша Карафилоски, вокалната интерпретација е на Јордан Џејмс Ивановски. Во добитната комбинација и во оваа песна се двојката Дамир Пух и Наташа Миха. Токму тие и нивното студио Green Room Sound ја продуцираа и аранжираа новата снимка. Во тимот што победува се и ProCam студио кои се погрижија за видео записот.

– Идејата за ова музичко дело е токму доловувањето на самата есенска атмосфера, шареноликоста која оваа земја ја нуди во тој временски период во годината. Tокму есента е најубавиот период во годината кога креативноста е на  највисоко ниво и прави разлика во самата музика како уметност, вели двоецот Синиша и Џејмс.

Како протагонист во видеото се појавува преубавата Калина Трајковска која не го криеше своето задоволство од учеството во видео записот.

D’Reamers ни открија дека ова е нивна шеста песна од предвидените десет со кои ќе го заокружат нивниот прв албум.

Нам ни преостанува да го промовираме ексклузивно нивното најново дело и да потсетиме дека промотивно оваа песна ќе ја емитуваме утре (29.11.  во 12:00). Дотогаш погледнете го видеото. Уживајте.

 

Коментарите се затворени.