Сара Мејс објави нова песна: Очи вселена е песна за синот Кирил

Гостивар, 30 ноември 2023 – Сара Мејс блесна во уникатно и атрактивно издание и уште еднаш  стави белег и оригинален печат на домашната музичка. Синоќа премиерно беше објавен и спотот за „Очи Вселена“ што го снимаше Томислав Живковиќ во кој настапуваат девојките Ева Јовановска, Бисера Гоговска, Сара Дојчиновска, Ивона Ристеска.

Новата песна со наслов „Очи вселена“ е уникатен спој на посветена мајка и успешна жена. Тоа е тема со модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од глава. И овој пат креативноста и единствениот музички стил на Сара Мејс испливаа на површина, песната и спотот се во чекор со светските музички критериуми. Сара Мејс со „Очи Вселена“ за ова музичко парче ќе каже дека во нејзиното срце има посебно место.

– Песнава ја напишав и ја посветив на мојот син Кирил. Не знам што би можела повеќе да кажам за оваа песна, многу е посебна за мене, верувам дека таква и ќе остане засекогаш во моето срце…Премногу емоции, премногу среќа, премногу светлина донесе тоа дете во нашите животи. Како да ја збогати цела домашна атмосфера од кога се роди, со еден уште попозитивен flow. Песна за Илина имам напишано, “Бакар боја”, му должев една и на Кирил. Не може за едното мајка, за другото маќеа“ – вели Сара.

Автор на музиката и текстот е Сара Мејс, зад аранжманот за песната се потпишува Иван Петровски. Уживајте во различниот звук и впечатливиот спот.

Песната и видео записот се објавени на YouTube каналот на Сара Мејс

 

Коментарите се затворени.