Новогодишен подарок од Дац и Александар: „Воли ме – Сакај ме“

Гостивар, 11 декември 2023 –  Александар Митевски и Драган Спасов Дац се приклучија во атмосферата за да го дополнат предновогодишното расположение со новиот сингл „Воли ме Сакај ме“. Темата е љубовна со ведар ритам, а од денес таа ќе се слуша на Radio G.

– „Од “Љубовниот пасош” излезе уште една песна. Оваа зборува за голема љубов на релација Скопје – Нови Сад. Работена е со екипа на врвни музичари и специјалната гостинка Билјана. Очекуваме оваа песна да си го најде патот до срцата на слушателите. Песната од денес ќе се емитува во македонскиот етер, а наскоро се очекува и новосадска промоција. Во престојниот период ќе се појави и видео за социјалните мрежи, ни напишаа Дац и Александар и испратија честитка „Среќни празници од Дац и Александар !

Музиката за новата песна ја напиша Александар Митевски, текстот е на Огнен Неделковски и Александар Митевски, а аранжманот го работеа: Александар Митевски и Ташко Грујовски. Овој сингл е продуциран во студиото Тра Ла Ла на Мите Димовски кој го работеше миксот.

Коментарите се затворени.