КАРОЛИНА СО НОВА ПЕСНА И СПОТ: ,,ДАЈ НА СУНЦЕ” (ВИДЕО)

Гостивар, 14 декември 2023 – Каролина Гочева сними нова песна и спот со наслов „Дај на сунце“. Новиот сингл кој издаден под етикетата на Авалон Продукција кои го споделија новиот материјал и за слушателите на Radio G.

– Со задоволство ви го претставуваме новиот проект на Каролина Гочева, песната ,,Дај на сунце’’, проследена со видео спот, наменета за целиот регионален маркет, наведуваат од Авалон Продукција.

Тимот кој го изработи најновото дискографско остварување на Каролина е составен од „сараевската школа“. Автор е хит мејкерот Дино Мухаремовиќ, кој изминативе години напиша неколку легендарни песни за познати ѕвезди во регионот. Аранжманот е на Дино Шукало, гитарист во бендот на Дино Мерлин и познат сараевски студиски музичар, аранжер и композитор. Песната е снимена во Сараево, во неговото студиото „Модра Ријека“, а видео спотот е дело на Миомир Милиќ.

Видеото можете да го погледнете на Youtube: https://www.youtube.com/watch?v=MXXHkwmH064

Коментарите се затворени.