Ново од Тамара Волческа: „Do you remember“ во македонска верзија како „Живее спомен“ (ВИДЕО)

Гостивар, 10 март 2024. Тамара Волческа ни ја подари „Do you remember“ во ново руво како македонска верзија со наслов „Живее спомен“.  Токму денес,  Тамара ја промовираше новата снимка, односно македонска верзија на веќе познатата мелодија и нејзино авторско деби ( „Do you remember“).. И овој пат таа се потпишува како текстописец и го осмисли новиот видеозапис. Тамара музиката ја компонираше под менторство на Весна Малинова како и во досегашните проекти. Аранжманот и продукцијата доаѓаат од студиото на Јордан Манов – Devil’s eye Studio.

Видеозаписот, како што вели Волческа, е направен само со доза љубов од нејзините најблиски луѓе и добро сценарио кое сама го режираше и реализира. Александар Нешкоски, кој беше режисер на првичниот спот за „Do you remember“ и овојпат е запишан како човек без кој не би можело повторно да се обезбеди местото за снимање.

– Мотивот и пораката на самиот текст е носење на одговорност за нашите емоции, нашето минато, и наученото од сето тоа – вели Волческа и појаснува дека се чекало две години на македонска верзија. Во меѓувреме направила повеќе од 10 текстови за оваа песна, но ниту еден од нив не го почувствувала како што тоа било последниот и веднаш влегла во студио.

Наскоро, „Живее спомен “ ќе ја преслушаме во радиската промоција во „За прв пат на радио“ по што започне да се емитува во редовната програма на Radio G на 106,4154

во меѓувреме погледенте го и видеозаписот тука

 

Коментарите се затворени.