D’Reamers издадоа нов сингл „Мали нешта“ (ВИДЕО)

Гостивар, 4 април 2024 – Дуото Дримерс (D’Reamers) го издадоа новиот сингл „Мали нешта“ и видеоспот со што дојдоа на прагот од комплетирање на првиот албум. Новата песна е седма студиска снимка и како што велат Синиша и Џејмс дека преостануваат уште три песни на кои се работи.

„Мали нешта“ e снимена во студиото на Дамир Пух и Наташа Миха „GreenRoom sound“ кои имаа значаен удел во продукцијата. За новата песна е снимен и видеоспот кој го изработи тимот на „ProCam“. Изборот на локацијата овој пат падна на студиото на „Sound Clinic“ во Скопје. Во спотот покрај Синиша и Џејмс се појавуваат Емил Ејупи (бас) и Кирил Билбиловски (тапани) кои ја дополнија сликата за новата песна.

Од дуото навестуваат и нов, осми сингл, кој како што напоменуваат, ќе биде објавен наскоро.

Радијската промоција на новата песна на D’Reamers на 106,4 (Radio G) ја закажуваме за утре петок во 12:00 часот. Во меѓувреме погледнете го и новиот спот.

Коментарите се затворени.