Тапанарот Борис Лејнер издаде нов сингл посветен на инструментот кој му го одбележа животот (ВИДЕО)

Гостивар, 29 мај 2024 – Легендарниот тапанар Борис Лејнер пет децении е вљубен во тапаните, а последниве години љубовта ја негуваше како „тајна врска“ Сега на сцената се враќа со својата авторска песна „Kada bubanj krene“, за која текстот го напиша авторката Јасминка Митриќ, музиката е заедничко дело на Јасминка Митриќ, Борис Лејнер и Марино Пелајиќ. Аранжманот го направија Лејнер и Пелајиќ. За овој проект е собрана одлична музичка екипа. За денес во 12:00 часот закажуваме премиерно преслушување во сегментот „За прв Пат На Радио“ на 106, 4 и на останатите платформи на RADIO G.

Покрај Борис на тапани и вокал, тука е и познатиот басист на групата Филм, Марино Пелајиќ; гитаристот на Далека Обала Борис Хрепиќ, Лео Анѓелковиќ на гитара и одличниот млад пијанист, Јадран Михелчиќ. Новата песна ја продуцираше Анте Пргин Сурка.

„Во еден момент сè беше премногу и престанав да свирам. Ми требаше пауза, а потоа звукот на мојот тапан почна да ме прогонува. Там-там ритамот повика одлична музичка екипа и со нивна помош оваа искрена песна ја посветив на тапанот“ – вели Лејнер за песната.

Инаку Борис Лејнер е синоним за новиот бран период од „Ју-сцената“ во осумдесеттите од минатиот век. Остави белег во хрватската дискографија со учество во бројни бендови. На неговиот список има над десет во кои тој творел или свирел. Репликите на рефренот на песната покажуваат колку за култниот музичар значи новото влијание на сцената: „Кога ќе почне тапанот, сите играат околу мене, црните мисли се губат, сите ме гушкаат, сите ме бакнуваат“. За новиот сингл на Лејнер е снимен и видеоспот кој го изработија Невио Смајиќ и Марио Боршчак.

Борис Лејнер има учествувано во многу музички и уметнички проекти. Во последните години, покрај музиката, сè повеќе се занимава и со скулптура и изложби. Во 2020 година беше објавена книгата на неговите автобиографски записи „Сè беше ритам“, а во 2022 година беше објавена книгата „Сведоците на Азра“ од авторската двојка Борис Лејнер и Јасминка Митриќ, која содржи 101 приказна на обожаватели кои ја гледале Азра на различни концерти и во други прилики.

Во оваа прилика можете да го погледнете и видеото за новиот сингл што го објави Кроација рекордс/CROATIA RECORDS

Коментарите се затворени.