„Поинаков свет“ е новиот сингл на дуото D’Reamers (ВИДЕО)

Гостивар, 10 јуни 2024 – Дуото D’Reamers ја издадоа новата песна со наслов „Поинаков свет“. Ова е нивни осми сингл од најавениот албум првенец, кој ќе содржи 10 песни. Од објавувањето, оваа музичко парче бележи голем трендинг во и веќе се врти на Radio G (106,4), Новиот сингл е иновативен приод, како во поглед на аудиоснимката, така и во видео продукцијата на спотот.

„Поинаков свет“ е снимена во „GreenRoom Sound“ на Дамир Пух и Наташа Миха кои директно придонесоа создавањето и продукција на вокално инструменталниот дел. Автор на текстот и музиката е на Синиша Карафилоски, а вокалната изведба на Јордан Џејмс Ивановски.

– Звукот е доста classic rock и е вообичаен за стилот на D’Reamers. Задржан е акустичниот unplugged звук кој прогресира во текот на целата песна и кулминира во самиот крај појаснува продуцентот Дамир Пух.

Она што претставува оригиналност и иновативност во македонскиот музички простор е и самото видео. Тоа е на одреден начин нацртан стрип за кој беше задолжен младиот уметник Димитар Илиоски. Тој открива како дошол до визуелното решение и соработката.

– Со цртање започнав да се занимавам уште во основно. Сфатив дека имам некаков минимален талент, кој подоцна прогресираше. Со тек на времето тоа ми стана еден вид на хоби и пасија и токму тука наоѓав мир и уживав во него. Започнав од 2015 година и тоа го претставував во јавноста, за да стигнам во овој проект кој воедно е најголем за мене до сега. Многу сум благодарен на D’Reamers за укажаната доверба и секако дека ќе продолжам да се усовршувам, впрочем и работам на тоа. вели Димитар Илиоски. Тука може да го погледнете и видеоспотот

Radio G, ексклузивно ви го промовира новиот видеозапис од самата песна „Поинаков свет“ a од денес зачестено ја слушаме на нашата фреквенција.

Коментарите се затворени.