Ден на Croatia Records во Скопје со македонски автори

Гостивар 14 мај 2025 –  Во рамките на актуелниот Скопски градски фестивал, кој во Скопје се одржува од 13 до 19 мај, во четврток, на 15 мај, со почеток во 20 часот, на програмата е концертот на изведувачите кои објавуваат за најголема дискографска куќа во регионот, Croatia Records.

– Во малата сала на Филхармонија, настапуваат тројца македонски изведувачи што творат под етикетата на „Кроација рекордс“: иновативната група „CODE 369“, виртуозниот гитарист Мухамед Ибрахими и Иван Кукиќ со својот бенд „Источен фронт“, стои во известувањето на Croatia Records.

 

„CODE 369“ веќе имаат една објава за Croatia Records, а наскоро им излегува и вториот албум, Иван Кукиќ неодамна ја промовираше својата прва соло објава, додека новиот материјал на Ибрахими се подготвува да биде објавен.

– Програмата не е составувана според трендови, туку според вредности. Секој артист е избран врз основа на квалитет, оригиналност и контекстуална важност, со цел да создадеме фестивал што придонесува за културниот идентитет на градот, а не само за неговиот календар на настани – велат организаторите „Баги комуникации“ за фестивалската програма.

Шестото издание на Скопскиот градски фестивал ја продолжува својата мисија да гради културна сцена со јасна уметничка визија и интегритет, преку програма што обединува музика, книжевност и визуелна уметност, спојувајќи домашни автори и изведувачи со уметници од Словенија, Грција и Европа.

Влезници за концертот на 15 мај се достапни преку онлајн платформата „Мк тикетс“.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar