Бојан Зафироски: Имаме визија за Гостивар во кој секој човек се чувствува рамноправен, почитуван и вклучен (ВИДЕО)

Гостивар, 8 октомври 2025 – Носителот на листата со кандидати за своетници во општина Гостивар од коалицијата што ја предводи СДСМ, Бојан Зафироски во последното обраќање ја искажа визијата за Гостивар

– Нашата визија за Гостивар не е само изградба на нови улици и модерна инфраструктура, туку создавање на град во кој секој човек се чувствува рамноправен, почитуван и вклучен, рече Зафироски.

Тој во видео обраќањето посочи дека вистинската промена доаѓа преку учество на сите генерации, групи и заедници.

– Затоа, заедно ги менуваме состојбите со политики и капитални проекти што носат долгорочна корист за младите, жените, пензионерите, семејствата, за образованието, културата, спортот, транспортот и животната средина, подвлече Зафироски.

Од ОО на СДСМ Гостивар информираа дека Караванот за локални избори на СДСМ и коалицијата треба да дојде во Гостивар на 15 октомври.

Тука може да го погледнете и видео обраќањето на Зафироски.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar