Македонска промоција на двата најнови албума на Влатко Стефановски

Гостивар, 6 мај 2026 –  Овој четврток, на 7 мај, со почеток во 12 часот, во хотелот Holiday Inn во Скопје, македонскиот гитарист Влатко Стефановски ќе ги претстави своите две најнови албумски остварувања – Guitar Sings (инструментален албум) и Muscle Memory (нов студиски албум). Издавач и организатор на настанот е дискографската куќа Croatia Records.

Оваа промоција следува по нивното неодамнешно претставување во Сплит, во пресрет на доделувањето на престижната музичка награда „Порин“. Како еден од најистакнатите гитаристи и автори на регионалната музичка сцена, Влатко Стефановски неодамна беше одликуван во Хрватска со престижната награда Porin Special Merit Award, како признание за неговиот особен придонес кон хрватската музика.

На промоцијата, Стефановски ќе зборува за процесот на создавање на албумите, за инспирацијата зад нив, како и за своите тековни и идни музички планови.

Дополнителна важност на настанот му дава и присуството на претставници на Croatia Records од Загреб – уредничката Клаудија Чулар и извршната директорка Маја Видмар Клариќ.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar