Нова песна: D’Reamers и Венко Серафимов ја преработија „Лажливи времиња“ (ВИДЕО)

Гостивар, 12 јуни 2025 – Дуото D’Reamers го издаде новиот сингл со наслов „Лажливи времиња“. Станува збор за безвременскиот хит на Армен и Безимени, на авторот Венко Серафимов. Песната доби ново светло по повеќе од 30 години по работата на Синиша Карафилоски и Јордан Иваноски – Џејмс во студиото GreenRoom sound.

Преработката на ова уникатното музичко дело наиде на воодушевување и доби зелено светло од Венко како автор и не го криеше своето задоволство.

– Многу ретко па и скоро никогаш на своите дела им давам зелено светло во секоја наредна преработка, но конечно желбата после толку време ми се оствари во оваа впечатливо едноставна и моќна преработка на овие момци.Па и со тоа ова дело да го добие потребниот современ звук и самата едноставност во изведувањето и современата продукција ја доведе една од моите авторски дела до совршенство. Пак ќе кажам дечки, сѐ додека ве има вакви како вас, овие дела ќе траат до бесконечност. Секоја чест на Синиша, Дамир, Јордан и Наташа со што ова своевремено толку мачно изработено ремек дело, после толку години ми влее насмевки и солзи за беспрекорната изведба, изјави Венко Серафимов по објавувањето на новата снимка.

На снимањето и продукцијата, повторно работеше истиот тим: Дамир Пух и Наташа Миха и се работеше во нивното GreenRoom sound студио. Главните иницијатори каверот на „Лажливи времиња” се Синиша Карафилоски и Јордан Ивановски од D’Reamers. Видеото за новата деветеа песна го изработи „ProCam“. Дуото најавува уште една песна, десетта песна која е во финална изработка и со која ќе го заокружат метријалот за нивниот прв албум.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar