Висар Адеми: „Гостивар заслужува реалност, а не изборни бајки“
Гостивар, 3 септември 2025 – Висар Адеми, независниот кандидат за градоначалник со соопштение кое содржи грст критики ѝ се обрати на јавноста и ги со прозва актуелната локална власт и градоначалникот Ваљбон Лимани за неговите најави во последното интервју.
Во соопштението кое го достави неговата „канцеларија за односи со јавноста“ се наведува дека неколку проекти како подземна гаража во близина на општинската зграда, преуредување на градскиот парк, реконструкција на булеварот „Браќа Ѓиноски“ и нов мост кај судовите се нереални ветувања. Под насловот „Гигантски ветувања, минимална реалност“ независниот кандидат Адеми наведува:
– Да бидеме искрени: граѓаните одамна не им веруваат на овие празни зборови – особено пред избори – кога најелементарните проблеми на градот не се решаваат: нечистотија, улични кучиња, хаотичен сообраќај, небезбедни училишта и општина заглавена во долгови, стои во дописот.

Во соопштението се критикува и последната промовирана инвестиција во селото Лакавица.
– Во исто време, Лимани се појави во селото Лакавица за да „свечено“ пушти инвестиција од 30.000 евра – и тоа го нарече „голем успех“. Додека во градот имаме недостиг од градинки, опаѓање на бројот на ученици. Кој може да им верува на гигантските ветувања на политичар кој не е во состојба да ги заврши ни наједноставните задачи – како одржување на чист град или косење на тревата во училишните дворови?
Адеми смета дека во двата мандати двоецот Таравари – Лимани направил милионски долгови и ниту една капитална инвестиција.
„Гостивар заслужува реалност, а не изборни бајки“, стои во соопштението од канцеларијата на Адеми се потенцира дека неговата работа виде видлива и со уредени улици, чист град, безбедни градинки и училишта, без бездомни кучиња и транспарентно финансиско раководење.

Коментарите се затворени.