Кампања за побезбедно движење на децата како пешаци по улица

Гостивар, 5 септември 2025 – Првачиња од Гостивар со флуросцентни елечиња прошета низ градските улици и заедно со наставниците и претставници на локалната самоуправа испратија порака до возачите да бидат повнимателни да придонесат за безбедноста во сообраќајот.

Градоначалникот Ваљбон Лимани посочи дека денешната активност „правила за малите пешаци“ се организира во соработка со полициското одделение за безбедност во патниот сообраќај и општинскиот сектор за образование. На крајот од дефилето на градскиот плоштад, полициските службеници на теоретски и практичен начин на децата им објаснија правилата за безбедно движење. Децата добија и совети за почитување и важноста на пешачките премини и сообраќајните знаци.

– Освен што ќе им обезбедиме поголема сигурност на децата во сообраќајот, сакаме на овој симболичен начин да испратиме и порака до останатите учесници и повозрасните да придонесат за зголемување на сигурноста по улиците. Ќе се трудиме ова да биде традиционална и да опстојува во иднина, рече градоначалникот Лимани.

Тој потенцира дека во тек се подновувања на хоризонталната и вертикалната сигнализација на повеќето сообраќајници и ставен е посебен акцент на оние кои минуваат во близината на училишните објекти.

     

– Покрај ова во тек се и активности во тесна соработка со полицијата за зачестени контроли и присуство во близина на средните училишта. Така сакаме да се зголеми безбедноста и да се спречи нарушување на јавниот ред и мир, во близина на образованите институции, рече Лимани. Освен на децата, летоци со информативна содржина им беа поделени и на возачите кои претпладнево се најдоа низ градското подрачје.

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar